Околу 670 првачиња денеска за првпат седнаа во училишните клупи во десетте основни училишта на територијата на Општина Карпош. Првиот училишен ден беше исполнет со песни, насмевки и пригодни приредби, со кои најмладите ученици беа пречекани во своите училишта.
Со нови училишни ранци, насмевки и возбуда, започна новата учебна година во училиштата на територија на општина Илинден. Оваа година, во училишните клупи за првпат седнаа 184 првачиња, што претставува зголемување од над 20 проценти во споредба со минатата година.
Вкупно 551 прваче денес за првпат седна во училишните клупи во осумте општински основни училишта на територијата на Општина Центар, со што официјално започна новата учебна 2026/2027 година. По повод првиот училишен ден, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, го ...