За 1.500 евра на скопјанец му ветил дека ќе отвори врата до пожарникарско место во скопската продивпожарна бригада, но наместо тоа му се затвори вратата од ќелијата во Шутка. Уапсен е возачот на генералниот секретар на Владата Игор Јанушев.
По информацијата дека е уапсен шоферот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, поради сомнеж за примање мито, се огласија и од Владата. -Ве известуваме дека лицето со иницијали Д.Ц е уапсено за примање поткуп, на претходно обележани парични средства, по што е лишен од ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истражна постапка против вработен во Службата за општи и заеднички работи на Владата, осомничен за кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“.
Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното јавно обвинителство Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека бил приведен возач во Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) која е дел од Владата.