Речиси е извесно дека и со новиот изборен законик ќе нема промена на изборниот модел во однос на бројот на изборни единици и ќе остане без отворени листи, што беше клучно барање на помалите партии.
Групата, како што и неодамна беше најавено од страна на Министерството за правда, денеска ги разгледувала и последните конкретни решенија, кои би биле вградени како нови изборни правила по сугестии на ДИК, АВМУ, ДКСК...
На евентуалните предвремени парламентарни избори кои сè повеќе се најавуваат од страна на првиот човек на Владата, Христијан Мицкоски, може да се оди со неколку десетици нови изборни правила.