Нешто повеќе од 20 дена остануваат во новиот голем предизвик за македонската фудбалска репрезентација, а тоа е настапот во Лига на нации. За прв пат Македонија ќе игра во Б сегментот, а за противници имаме навистина квалитетни ривали.
Матеј Гаштаров му се наметна на новиот тренер на белградска Црвена Звезда, Алберт Ријера, и тоа не остана незабележано. Медиумите во Србија објавија дека од Македонија пристигнала вест дека наскоро ќе дебитира за сениорската репрезентација на својата земја.
Македонската фудбалска репрезентација би можела да добие неколку нови имиња за претстојните натпревари во Лигата на нации. Матеј Гаштаров веќе е потврден како нов репрезентативец, додека за уште двајца фудбалери се води битка со административните процедури.