„Штета е да плаќаме скапи суми за изнајмени лежалки кога најчесто пливаме или одиме на следна плажа или ја истражуваме плажата на која се наоѓаме во мигот. Во Албанија за 20 евра по лице добивме седумчасовна тура со брод, сендвичи, сок, бесплатни лежалки и чадор“, вели Весела ...
Кога се патува со семејство, изборот на дестинација најчесто не се сведува само на убаво море и плажа. Важни се и атмосферата, безбедноста, храната, местата за прошетка и тоа дали целото семејство ќе се чувствува пријатно.
„Искрено, пред да дојдеме во Валона не знаевме што да очекуваме. Морето е чисто, но плажата е сосема просечна и тоа не е причината поради која би ја избрале Валона. Долгото шеталиште полно со палми, каде секоја вечер уживавме во прошетки со децата, е тоа во што се вљубивме“, ...