Уште една недела, уште едно поскапување – и тоа не мало. Регулаторната комисија за енергетика синоќа ги објави новите цени на нафтените деривати, а дизелот повторно ја премина стотката, овојпат стигнувајќи до 101 денар за литар .
Малопродажните цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ во просек се зголемуваат за 4,89 проценти, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 6,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 8,00 ден/лит.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе нова одлука со која значително се зголемуваат малопродажните цени на сите нафтени деривати во земјава. Најголем ценовен удар овојпат бележат дизел горивото и екстра лесното масло за домаќинство.
Од ноќеска на полноќ цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3 денари, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 6 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 8 ...