Пожарите продолжуваат да создаваат сериозни проблеми во Србија, каде што во моментов се активни 29 пожари на отворен простор . Само во текот на август досега се регистрирани 3.926 пожари, поради што на терен се ангажирани сите расположливи сили.
Србија се соочува со нов огнен бран, со 29 активни пожари на отворен простор низ земјата. Само во август досега се регистрирани 3.926 пожари, а во гаснењето се вклучени сите расположливи сили, вклучително и меѓународни тимови.
Денес во Србија се уште се активни неколку пожари, чие гаснење е во тек, а најголемите се во Делиблато Песоци и во Столови, во кои учествуваат и хеликоптери испратени од Европската Унија, како и руски авион „Иљушин“.
Европа се соочува со нов бран на екстремни временски неприлики кои предизвикаа големи штети, евакуации и прекини во сообраќајот. Во Србија и Босна и Херцеговина противпожарните екипи се борат со масовни шумски пожари, додека Шпанија и Полска се соочуваат со поројни дождови, ...