Висока обвинителка во Велика Британија се повикала на непостоечки судски преседан во чувствителен предмет. Случајот отвора сериозни прашања за користењето информации генерирани од вештачка интелигенција во правосудството.
Вештачката интелигенција повторно се најде во центарот на контроверзиите во британското правосудство, откако обвинителка пред Високиот суд се повикала на судски предмет кој воопшто не постои, објави британски „Гардијан“ .