Возач, за кого подоцна било утврдено дека возел пијан, удрил во трактор на кој се превезувале луѓе на пат меѓу две села во Радовишко, при што две жени, сопатнички на тракторот, се тешко повредени, соопшти МВР. „На 29.07.2026 околу 02:40 часот во ОВР Радовиш било пријавено дека ...
Триесет и шестгодишен жител на Струга е лишен од слобода откако под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна незгода, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, инцидентот се случил ноќеска околу 00:30 часот на улицата „Партизанска“ во Струга.
Шеесет и петгодишен жител на Охрид е лишен од слобода откако под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа во Струга. Според Министерството за внатрешни работи, на 27 јули околу 21:15 часот на улицата „Туристичка“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го привеле ...