За повеќето фудбалери најголемиот сон е да се најдат на најголемата европска сцена и да се борат за трофејот во Лигата на шампионите. Денеска тој сон повторно станува реалност – започнува новата сезона во најелитното клупско натпреварување во Европа.
Вечерва и официјално стартува Лигата на Шампионите, поточно лигашката фаза од најелитното клупско фудбалско натпреварување во светот. На програмата се шест меча од првото коло, останатите се играат во среда и четврток, и веднаш супер – дерби.
Новата фудбалска сезона во Лигата на шампиони започнува денеска, а титулата, како и минатата сезона, ја брани француски ПСЖ. Форматот останува ист со вкупно 36 екипи кои во лигашката фаза ќе одиграат осум натпревари, по четири на домашен и гостински терен.