Автомобилскиот саем во Париз е во полн ек, а на него се присутни голем број на производители на возила, меѓу кои, секако и брендовите под капата на Стелантис. Еден од тие брендови е во едно време, германскиот, Opel.
Меѓу нив е и Opel, кој во Париз го претстави својот впечатлив концепт STX, познат и како Sports Tourer eXperimental Concept. Концептот најавува поемотивен, похрабар, почист и поефикасен дизајнерски јазик што ќе влијае на идните модели.
Opel Sports Tourer eXperimental е најавата на Opel за иднината на караваните… И иднината изгледа одлично! Од Opel кажуваат дека STX Concept е храбра визија за електричните каравани на иднината. Концептот ги покажува идните дизајнерски амбиции на Opel, и ги комбинира со германски ...