Ова ќе биде слободна земја, ја ослободивме Србија од тиранија, изјави водечкиот кандидат на „Студентска листа-Студентите победуваат“, Илија Срдановиќ, по победата на вонредните парламентарни избори, кои го симнаа Александар Вучиќ од власт по 12 години.
Студентската листа ќе има меѓу 135 и 140 пратеници, додека СНС околу 105. Другите пратеници одат за малцинските листи Носителот на изборната листа „Обединета Србија“ – Александар Вучиќ вечерва во 21,30 часот се појави во седиштето на Српската напредна партија и призна дека ги ...
Десетици илјади луѓе се собраа ноќеска на плоштадот Славија во Белград за да ја прослават победата на „Студентската листа“ на парламентарните избори. Откако Александар Вучиќ го призна поразот, прослави започнаа и во многу други српски градови.
Трн - Рацин - ТВ21 - 360 степени - ПРВ.мк
Доскорешниот српски претседател, Александар Вучиќ кој го призна поразот на својата коалиција на парламентарните избори во Србија, ги обвини независните медиуми, студентското движење и странски држави дека учествувале во обидот за уривање на неговата власт.
Студентската листа има 52,08 отсто од гласовите на парламентарните избори во Србија, а листата предводена од Српската напредна странка (СНС) 39,81 отсто, според најновите прелиминарни резултати што вечерва ги соопшти академикот Радомир Саичиќ од изборниот штаб во Белград.