Фризурата не е одредена само од обликот на лицето, туку и од густината и текстурата на косата. За тенка и ретка коса, особено се препорачува постепено шишање, бидејќи ѝ дава поголем волумен и ја прави визуелно побујна.
За сите оние кои сакаат промена во новата сезона, ви носиме предлог кој не е само практичен, туку и изгледа многу шик. Станува збор за таканаречен „воздушен“ боб, потстрижен на начин што не бара премногу стилизирање. Слоевите и обликот го прават лесен, волуменозен и воздушен.