Кејот на реката Вардар добива нов и поуреден изглед со поставување нова урбана опрема, соопшти Град Скопје. На една од најпосетуваните локации во главниот град поставени се нови клупи и корпи за отпадоци, со цел подобрување на условите за престој, рекреација и спорт на граѓаните.
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска во објава на Фејсбук сподели дека кејот на Вардар добива нов лик. „Едно од најубавите и најпосетувани места во Скопје, просторот каде илјадници скопјани секојдневно пешачат, спортуваат, се рекреираат и поминуваат време со своите ...
Скопје предолго време беше град оставен на заборав - со запуштени јавни површини, нарушена хигиена, недоволно одржувана инфраструктура и проблеми што со години остануваа нерешени. Денес, сликата постепено се менува.