TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нови објекти на Водно: „Шанса за Центар“ алармира за ризици од градење на ерозивно земјиште

Deutsche Welle - пред: 2 часа

Нов ДУП за Барутана на Водно предвидува десетици нови објекти на ерозивно земјиште. „Шанса за Центар“ предупредува на ризици од бетонизација и лизгање на земјиште. Нова градежна инвазија му се заканува на Водно.

Нова бетонизација на Водно? Се планира изградба на десетици објекти на ерозивен терен, тврдат од „Шанса за Центар“

Скопје1 - пред: 3 часа

Граѓанската иницијатива и советничка група во Општина Центар „Шанса за Центар“ предупредува дека Нацрт-деталниот урбанистички план (ДУП) за Барутана, кој е ставен на дневен ред на Советот, предвидува урбанизација на простор за кој, според нив, постојат сериозни ризици од ерозија.

На ерозивно подрачје на Водно се планира изградба на десетици нови објекти, тврдат од „Шанса за Центар“

Слободен Печат - пред: 5 часа

Нацрт планот, кој е на дневен ред на Советот на Општина Центар е приватна иницијатива од фирма која има имот во рамки на ДУП-от и на чие земјиште претходно биле планирани градби за државни институции кои сега , „сосема случајно“, се менуваат во приватно домување – велат од ...

Шанса за Центар: Приватна иницијатива за градење кај Барутана на Водно

Фактор - пред: 5 часа

„Шанса за Центар“ денес реагира дека ново ерозивно подрачје над Скопје е на дневен ред на советот на Општина Центар. Нацрт Деталниот урбанистички план за местото викано Барутана може да создаде ново ерозивно подрачје над градот е на дневен ред на советот, реагираат од ...

Се крчка нов градежен масакр на Водно, предупредува Шанса за Центар

Кајгана - пред: 4 часа

Нацрт Деталниот урбанистички план за Барутана што ги надминува параметрите дозволени од Генералниот план на градот и што може да создаде ново ерозивно подрачје над градот е на дневен ред на Советот на Општина Центар.

Продолжува урбанизацијата на Водно, предупредува „Шанса за Центар“

Независен - пред: 5 часа

Нацрт деталниот урбанистички план за местото викано Барутана, што може да создаде ново ерозивно подрачје над градот, е на дневен ред на советот, соопштија од „Шанса за Центар“ . Просторот Барутана почнува од полицијата каде почнуваат и планинарските патеки.