Прв повик во А репрезентацијата доби Анес Мелиќи, фудбалер на Шкендија . За него, дебито во најдобриот национален тим е голема чест, но и обврска. Тој денеска пристигна на собирот на репрезентацијата, по што ќе почнат и подготовките за мечевите од Лигата на нации.
Фудбалската федерација на Македонија денеска ги почнува подготовките за репрезентативниот прозорец во кој избраниците на селекторот Гоце Седлоски ќе одиграат четири натпревари. Прв противник на нашите репрезентативци ќе биде Швајцарија која ќе гостува во Скопје на 26 октомври.
фудбалската репрезентација на Македонија наскоро почнува во нов циклус натпревари во УЕФА Лигата на Нациите. За прв пат македонските фудбалери ќе играат во втората квалитативна конкуренција, односно Б сегментот.
Македонската фудбалска репрезентација ги започна подготовките за претстојните натпревари во Лигата на нации, а меѓу новите имиња во составот на селекторот Гоце Седлоски е и дефанзивецот на Шкендија, Анес Мељиќи.