Соопштение на СДСМ: Христијан Мицкоски денеска изјави: „Верувам дека за првпат по многу години граѓаните ќе користат вода која е целосно бактериолошки исправна.” За првпат? Значи две и кусур години, додека ВМРО-ОКГ има апсолутна власт, водата во Гостивар не била исправна.
Случувањата со водата за пиење во Гостивар се последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Арбен Таравари, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.
Во мое време немаше труење со вода, ниту епидемија во Гостивар, му одговори претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на Мицкоски по обвинувањата дека додека тој бил министер за здравство, јавноста не била информирана за случаи со неисправна вода за пиење.