Обожавателите веднаш се запрашаа дали се родила нова холивудска романса, но зад сцените се крие снимање на нов филм. Кејт Хадсон и Хавиер Бардем привлекоа големо внимание откако беа фотографирани во страстен бакнеж на улиците на Менхетен.
Снимањето на романтичната комедија „Здраво и Париз“ во Њујорк го привлече вниманието на минувачите. Прекрасен залез на сонцето на улиците на Њујорк беше совршена позадина за снимањето на новата романтична комедија во која глумат Кејт Хадсон и Хавиер Бардем.