„Кога видов дека нема да имам можност да се остварам како мајка, донесов конечна одлука. Последните неколку години грчевито се борев финансиски да си овозможам барем еднаш да се обидам со ин-витро, па како што ќе ми даде Бог“, вели Александра Живковиќ, која забременила на 50 ...
Александра Живковиќ од Ниш со години верувала дека еден ден ќе стане мајка. Но, кога долгогодишната љубовна врска завршила, а времето минувало без да се појави посакуваната семејна сигурност, сфатила дека веќе не сака да ја препушта својата најголема желба на случајноста.