За 81 градоначалничко место се борат 309 кандидати, додека за членови во советите има над 10 илјади кандидати. Избирачките места ќе бидат отворени до 19 часот, по што ќе следува броење на гласовите и објавување на првичните резултати.
– Сите 273 избирачки места во десетте општини во Југоистокот се отворени утрово во 7 часот, а право на глас на овие локални избори имаат 147.044 гласачи. Според информациите од општинските изборни комисии гласањето засега тече во најдобар ред.
Во 7 часот денеска започна гласањето на осмите Локални избори од осамостојувањето на државата. На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани. Меѓу вкупниот број државјани со право на глас се и 112 илјади ...