Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски очекува проектот „Безбеден град“ да биде имплементиран на територијата на целата држава до крајот на годинава или најдоцна до почетокот на 2027 година, нагласувајќи дека системот веќе функционира во повеќе градови и оти претставува ...
Во рамки на истражната постапка, како што вели министерот за внатрешни работи, се расчистува и прашањето зошто еден од двајцата осомничени, кој инаку бил на издржување на затворска казна, во моментот на извршување на делото бил на слобода Сè уште се расчистуваат околностите ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во гостување во централниот Дневник на Македонската радио телевизија, зборуваше за актуелната безбедносна состојба, истрагата за убиството во Чаир и движењето на криминалитетот во првите осум месеци од 2026 година.
Намалување на бројот на повеќе категории тешки кривични дела е регистрирано во првите осум месеци од 2026 година во споредба со истиот период лани, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостувањето во централниот Дневник на Македонската радио-телевизија.