Meta постојано ги негира обвинувањата дека ги изневерувала тинејџерите, вклучувајќи ги и тврдењата во овој случај дека намерно ги дизајнирала своите платформи да предизвикуваат зависност и ги прекршила законите за приватност на децата.
На сослушувањето минатата недела, државниот обвинител рече дека бараат околу 200 милијарди долари отштета. Компанијата Мета која е сопственик на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, се соочува со историска тужба дека создавала зависност кај децата.
Иако гигантот Meta веќе се соочи со неколку неповолни судски одлуки поради начинот на кој нејзините платформите ги таргетираат младите корисници, судењето што започнува утре би можело сериозно да го загрози нејзиното целокупно работење.