Фудбалерите на Ренова одлично ја започнаа новата година. И на вториот пријателски натпревар запишаа успех и покажаа дека се во одлична форма. Денес пред „гипсарите“ потрклекна српска Јагодина (2-1).
Поранешниот македонски првак Ренова ја победи српска Јагодина со 2-1 на тест мечот во овие зимски подготовки, а Струга Трим Лум трет меч по ред ремизираше, сега со Велешта после двете нерешени средби со косовски прволигаши во Драч (Албанија).
Фудбалерите на Ренова триумфираа со 2-1 против српскиот Јагодина на пријателскиот натпревар во Охрид. Селмани беше стрелец на првиот погодок за „гипсарите“, а вториот беше дело на колумбиското засилување Џон Еди Мена Перез.
Предмалку во Охрид заврши пријателската средба меѓу Ренова и српскиот второлигаш Јагодина. Славеа “гипсарите“ со 2:1 (1:1), и тоа со головите на Ремзифаик Селмани и Колумбиецот, Еди Мења. На теренот во Охрид екипата на Ренова беше подобра, имаше ...