Властите во северна Франција утрово се обидуваат да го вратат снабдувањето со електрична енергија во 68.000 домови погодени од прекини во снабдувањето со електрична енергија поради жестокиот топлотен бран што со денови го погодува поголемиот дел од Западна Европа.
Метеоролошката служба издаде ретко „црвено” предупредување за среда и четврток, а британските синдикати предупредуваат дека викторијанските училишни згради „станале стакленици”. Стотици училишта во Англија и Велс ги затворија вратите оваа недела откако Метеоролошката служба на ...
Голем дел од Западна Европа се соочува со интензивен топлотен бран, со невообичаено високи температури – од Обединетото Кралство и Ирска на север, преку Германија и Франција, па сѐ до Шпанија и Италија. Невообичаеното пролетно време е резултат на таканаречената „топлотна купола“.
Четириесет лица се удавија во Франција од четвртокот во несреќи поврзани со топлотниот бран. Француската министерка за спорт и млади, Марина Ферари, изјави за француското радио дека премногу луѓе се обидуваат да се разладат во реките и каналите без да ги земат предвид ризиците.
Метеоролозите од Државниот хидрометеоролошки завод објавија временски прогнози за наредните денови, потврдувајќи дека летото пристигна со полна сила. Деновите што претстојат ќе бидат стабилни и сончеви, со температури кои секој ден ќе се искачуваат сè повисоко и повисоко.
Европа е зафатена од брутален топлотен бран, а се очекува рекордите за температура да бидат соборени во наредните денови. Би-Би-Си известува за мерките што земјите ги воведоа за да го олеснат животот и да им помогнат на жителите.
Холандскиот Кралски метеоролошки институт издаде портокалов метеоаларм поради екстремните високи температури на воздухот во сите покраини, со исклучок на Фризија, Дренте и Гронинген, каде во сила е жолт метеоаларм.