По само еден ден пауза, вечерва продолжуваат возбудувањата на Светското фудбалско првенство во САД, Канада и Мексико. Шест европски селекции, една африканска и актуелниот светски првак Аргентина како претставник на Јужна Америка, остана во ТОП-8.
Светското првенство во фудбал влегува во фазата во која повеќе нема простор за поправен испит. По драматичната осминафинална рунда, останаа само осум репрезентации, а четвртфиналните пресметки почнуваат вечерва со дуелот меѓу Франција и Мароко во Бостон.
Франција останува главен фаворит за освојување на титулата светски шампион, покажуваат најновите пресметки на суперкомпјутерот на „Опта Аналист“, објавени по завршувањето на осминафиналната фаза на Мундијалот 2026.
Според двојките, Европа на СП 2026 сигурно ќе има две селекции во полуфиналето Во четврт-финалето на едно фудбалско светско првенство (СП) десетти пат ќе играат репрезентации од три континента, а годинава тоа се шест од Европа и по една од Африка и од Јужна Америка.