, директорот на Казнено-поправната установа Затвор Скопје е во фокусот откако поднесе оставка од функцијата. Истата ја поднел од лични причини. еМагазин разгледа каков имот пријавил до Антикорупциската комисија. нема недвижен имот. На име на сопругата пријавил стан во Радишани.
Директорот на затворот „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски поднел оставка од директорската функција, потврдија од Влада за „Слободен печат“. Информацијата се објавуваше на социјалните мрежи, но официјална потврда немаше досега. Во оставката навел дека ја поднесува од лични причини.
Оставка веќе е доставена до Владата и ќе биде разгледана на некоја од следните владини седници. Бобан Утковски, директор на скопскиот затвор во Шутка, поднесе оставка. Тој за ТВ 24 потврди дека ја поднел оставката, како што вели, поради лични причини.