Првото големо ракометно дерби во машката Супер лига ги оправда сите очекувања. Дуелот од воведното коло одигран во СЦ „Билјанини извори“ меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер понуди врвен ракомет, голема борбеност, искри на теренот и одлична атмосфера.
Уште на стартот од новата 2026/27 сезона во нашата ракометна Суперлига, дерби, и тоа какво – ГРК Охрид против Пелистер. Две од четирите наши ракометни клубови кои оваа лига ја прават убедливо најквалитетна на овие простори, па и пошироко.
На стартот од сезоната во македонската машка ракометна Суперлига екипите на ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер одиграа нерешено 28:28. Во Спортскиот центар „Билјанини Извори“ по првото полувреме битолската екипа имаше минимална предност од 14:13, а во еден момент од натпреварот имаше ...