Фудбалскиот национален тим на Мароко има шестмина играчи во својот состав кои се родени во Франција. Станува збор за Редуан Халал од Монпелје, Гесиме Јасин од Салон де Прованс, Самир Ел Мурабет од Стразбур, Нил Ел Ајнауи од Нанси, Иса Диоп од Тулуз и Ајуб Буади од Сенлис.
Кајгана - Спортманија - Sport M - Вечер
Ѕвездата на мароканската фудбалска репрезентација Исмаел Саибари, поради повреда, ќе го пропушти натпреварот од четвртфиналето на Светското првенство против Франција, кое е на програмата вечерва од 22 часот по средноевропско време во Бостон.
Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, на интересен начин коментираше дека натпреварот меѓу неговиот тим и Мароко вечерва ќе го суди аргентинскиот судија Факундо Тељо. Откако ФИФА објави дека Тељо ќе го суди вечервашниот дуел, навивачите на двата тима беа незадоволни.
ФИФА го назначи судискиот тим за денешниот натпревар од четвртфиналето на Светското првенство помеѓу Франција и Мароко, а ниту еден од двата табора не е задоволен од својата одлука. Натпреварот, кој ќе се игра денес во 22 часот, ќе го суди аргентинска судиска линија.