Градоначалникот на Тетово Биљал Касами се обрати на градскиот плоштад по првичните избори од првиот круг на локалните избори во кои доби најмногу гласови од сите шест кандидати за Општина Тетово.
Со зурли и тапани, со развиорени албански знамиња, меѓу кои имаше и едно на Голема Албанија кое го вееја една група млади, на Градскиот плоштад во Тетово „Вреди“ ја прослави, како што рекоа, големата победа над ДУИ.
Според првичните нецелосни резултати на ДИК Билал Касами освоил 47,23 отсто од гласовите, пред неговиот ривал од ДУИ Бајрам Реџепи кој освоил 37,84 отсто од гласовите. Досегашниот градоначаник на Тетово Билал Касами им се заблагодари јавно на ...