Александер Зверев на најдобар можен начин го искористи недостатокот на вистинска конкуренција во Њујорк, па во отсуство на Јаник Синер и скромни изданија на Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас, сигурни измаршира до трофејот на Ју-Ес Опен.
Со освојувањето на Ролан Гарос и на Отвореното првенство на САД годинава, Александер Зверев стана апсолутен владетел на светскиот тенис за 2026 година. Германецот конечно доби признание за својот неоспорен квалитет, и ги потврди пророчките зборови на Новак Ѓоковиќ.
Александер Зверев има супер успешна сезона, година во која успеа да слави на два грен слем турнири (Ролан Гарос и Ју-Ес Опен), а стигна до самата завршница на преостанатите два во Мелбурн (полуфинале) и Лондон (финале).