TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Изборната комисија на Израел одби да го продолжи работното време на избирачките места

Независен - пред: 5 часа

Изборната комисија на Израел официјално го одби барањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се продолжи работното време на избирачките места по 20:00 часот по локално време, наведувајќи ја како причина високата излезност на гласачите.

Голема излезност на парламентарните избори во Израел

Либертас - пред: 5 часа

Додека вкупната излезност на гласачите низ цел Израел изнесува 74,3 отсто до 20 часот, некои градови забележаа значително повисоки стапки, според податоците од Централната изборна комисија. На врвот на листата е централниот крајбрежен град Бат Хен, каде што огромни 97,9 проценти ...

Излезноста во Израел достигна 55,7 отсто, поплавите го затворија патот кон Еилат

Скопје1 - пред: 8 часа

Излезноста на изборите во Израел достигна 55,7 отсто до 16 часот, што е за осум процентни поени повеќе во споредба со 2022 година. Централната изборна комисија соопшти дека е забележана највисоката излезност досега регистрирана до 16 часот во овој дел од изборниот ден.

Партијата на Нетанјаху бара продолжување на гласањето на изборите во Израел, опозицијата обвинува за трасирање на терен за оспорување на резултатите

Проверено - пред: 6 часа

Национал-конзервативната и десно популистичка партија Консолидација (Ликуд) на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху до Централната изборна комсија (ЦЕЦ) поднесе барање избирачките места на денешните парламентарни избори во Израел да останат отворени и по предвидениот краен рок ...

Израел: Највисок одзив на изборите уште од 1981 година

Бриф - пред: 12 часа

Израелската Изборна комисија денеска соопшти за највисок одзив на изборите уште од 1981 година, откако до 10 часот утрово по локално време на гласање излегле 16,68 проценти од гласачите. Пред избирачките места има долги редици со гласачи, изјавија очевидци за ДПА од Тел Авив и ...

До 16 часот гласале 55,7 отсто од електоратот – рекордна излезност на парламентарните избори во Израел

iNFOMAX - пред: 8 часа

Излезноста на парламентарните избори во Израел до 16 часот е 55,7 отсто, што е за осум процентни поени повеќе за истиот период во 2022 година. Според Централната изборна комисија, станува збор за најголема излезност до тој период од 1973 година од кога се следат податоците.

ОВА НЕ ГО ПАМЕТИМЕ ОД 1981! Големи редици за гласање на изборите во Израел

Вечер - пред: 12 часа

Израел е во тотална опсада од сопствените граѓани на денот на судбоносните парламентарни избори, откако Централната изборна комисија соопшти за невидена, рекордни излезеност каква што не е забележана уште од далечната 1981 година! До 10 часот наутро по локално време гласале дури ...