Роверот Perseverance на НАСА собра примерок наречен Sapphire Canyon од карпести изданоци долж работ на Neretva Vallis – долина издлабена од реки што се влевале во древно езеро во рамките на кратерот Језеро пред повеќе од три милијарди години, пренесува Си-Ен-Ен (CNN).
Примерок од карпа со шари налик на леопардови дамки би можел да помогне во откривањето дали на Марс некогаш постоел живот. Но за да утврдат што навистина пронашол роверот „Персеверанс“, научниците треба да го донесат примерокот на Земјата — а неговото враќање останува неизвесно.
Сончевата светлина ги осветлува карпестите врвови стари милијарди години, откривајќи пејзаж обликуван од ветерот и чувајќи траги од далечното минато на Марс. Американската вселенска агенција НАСА објави снимка од изгрејсонцето на Марс, направена со роверот „Кјуриосити“.