Во овие утрински часови во нашата Република Македонија имаме ведро и релативно ладно време и е претежно тивко без некој изразен ветер. Во овие моменти најладно е во Берово со измерени 0 степени.
Денешното петочно утро во нашата Република Македонија ни донесе умерено облачно и релативно ладно време, но не толку ладно како изминатите неколку утрини, сепак денешното утро беше малку потопло со повисоки минимални температури на воздухот.