Шпанија стана само втора ракометна репрезентација во историјата, по Шведска, која го одбрани европското злато. Победата над Хрватска ја продолжи победничката низа од Вараждин и Загреб, каде „фуријата“ загуби само од Словенија на Вујовиќ.
Пикерот на Шпанија, Хулен Агинагалде, кој одигра одлично во одбраната и има големи заслуги за одбраната на титулата е пресреќен за титулата но и за остварената победа над одличниот тим на Хрватска.
Репрезентациите на Хрватска и Шпанија денеска од 16:30 часот ќе го одиграат големото финале на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска. На теренот во „Теле 2 Арена“ во Стокхолм, во дресот на „фуријата“ ќе се појави 39-годишниот ...