Во еден од дерби мечевите во 6.коло, попладнево во Струга, домапниот состав на Струга ТЛ со 1:0 успеа да победи и во четвртиот меч како домаќин оваа сезона. Победничкиот гол беше дело на Ласана Диако во 59.минута.
Тимот на Силекс во домашниот шампионат важи за еден од најквалитетните па двата последователни порази секако дека се неочекувани. Иако истите се од Вардар односно Шкендија, најдоброто што мак фудбалот го нуди во моментов, сепак, никој не сака да губи.
Денеска завршува шестото коло од тековниот ПМФЛ шампионат, а во него, тимот на Струга ТЛ на домашен терен ќе го пречека Силекс. Меч во кој ќе се сретнат две екипи со речиси идентични амбиции, а тоа е највисок пласман и пласман во Европа.