Голманот на Зеленортските Острови, Возиња, уште еднаш го привлече вниманието со извонредниот настап, овојпат против актуелниот светски шампион Аргентина, каде што повторно беше една од главните причини неговата репрезентација долго да остане во игра.
Најпријатното изненадување на СП 2026 е дебитантот Зеленортски острови. Селекцијата за која малкумина знаеја со каков состав располага, на крајот си заминува од Мундијалот со високо кренати глави. Малата островска земја на Архипелагот има едвај 500.000 жители, а со настапот на ...