Денес има додатоци во исхраната за речиси сè — од погуста коса и поцврсти коски, па сè до подобро расположение. Иако може да бидат корисни, претераната употреба на додатоци може да доведе до сериозни здравствени последици, пренесува EatingWell.
Витаминот Д е еден од најчесто користените додатоци во исхраната кај возрасните, но многу луѓе не знаат дека навиките во исхраната можат да влијаат на тоа колку телото може да го искористи. Ако редовно земате додатоци и нивото на витаминот во крвта не се зголемува, проблемот ...