Илјада страници од избирачки список со 45.752 имиња содржи „Леге“ број 6, најмногу населената адреса во Средец, Бугарија, јави репортер на агенцијата БГНЕС. Градоначалникот на областа Трајчо Трајков ја потврдил информацијата.
Курир - Нетпрес - Мак. Весник
Адресата на улица „Леге“ број 6 во софиската општина Средец е регистрирана како „живеалиште“ на десетици илјади бугарски државјани по потекло од странство, меѓу кои најголем број се Македонци кои поседуваат државјанство на Бугарија, објави БГНЕС.