„Била во врска, што ли си мислела?“, „На 14 години во врска?!“, „Мајка ѝ е за тепање“... Коментари кои ги пишуваат и мажи и жени. И тоа е можеби најстрашниот дел од целата приказна. Го префрламе товарот на насилството врз жртвата. Не. Никако и никогаш жртвата не е виновна.
Случајот во кој 25-годишен маж е пријавен за сексуален напад врз 14-годишна девојка, со која претходно бил во љубовна врска, предизвика вознемиреност и бројни реакции во јавноста. Но, покрај самата пријава, особено вознемирувачки се дел од коментарите што се појавија на ...