УЕФА покренува кривична постапка против ФИФА и нејзиниот претседател Џани Инфантино поради сега напуштениот план за продажба на удел во Светското првенство и другите негови натпреварувања на приватни инвеститори, пишува „Би-би-си Спорт“.
Џани Инфантино ќе мора да се бори за задржување на претседателскиот статус во ФИФА на почетокот на 2027-ма година, бидејќи за месец март се предвидени претседателски избори на кои ќе стане познато дали светската куќа на фудбалот ќе фати нов правец, или се ќе остане по старо.
Европската фудбалска асоцијација не се откажува од смена на првиот човек на ФИФА, но проценила дека тоа е полесно да се изведе на избори отколку гласањето недоверба. УЕФА се откажала од идејата да покрене предлог за недоверба против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
УЕФА одлучи да ја повлече својата закана и да се откаже од бојкотот на турнирите на ФИФА откако доби гаранции дека планот за продажба на дел од Светското првенство нема да биде имплементиран - но, планира да преземе мерки против иницијаторот на идејата, Џани Инфантино.