Касарна Илинден во Скопје. Два хеликоптера се подготвени да ги земат новинарите и да ги однесат на полигонот на Криволак за воената вежба. Криволак е еден од најголемите полигони во земјава. По 15 минути лет, стигнавме.
Од понеделник (17 мај) до втори јуни на армискиот полигон Криволак ќе се одржи меѓународната воена вежба „Одлучен удар 21″ во која ќе бидат вклучени над илјада припадници армиите на Репубика Северна Македонија, на САД, на Грција и на Бугарија.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска заедно со началникот на Генералштабот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски денеска на Криволак ќе учествуваат на брифинг за новинари за претстојната вежба „Одлучен удар 21“.