Друштвото за меѓународен транспорт и шпедиција ЖАС АД Скопје и во првите девет месеци од годинава продолжило да работи со загуба, соопштија од таму преку Македонската берза. За овој период Друштвото има загуба од 25.182 денари.
Меѓународниот транспорт и шпедиција ЖАС АД Скопје остварил негативен финансиски резултат од 25.182 денари во периодот од 1 јануари до 30 септември 2026 година, се наведува во соопштението на друштвото, објавено во Македонска берза.