Додека го уживаме викендот на отворено, мала потсетувачка да не ги забораваме спрејовите против комарци! Институтот за јавно здравје информира дека во земјава се евидентирани 70 случаи на Западнонилска треска. Главното жариште и понатаму е Скопје, каде што се забележани дури 63 ...
Иако топлото време и викендот ги мамат граѓаните на прошетки и активности на отворено, последните податоци од Институтот за јавно здравје предупредуваат на зголемена предпазливост поради ширењето на Западнонилската треска.
Западнонилската треска и понатаму е присутна во Македонија, а последните податоци покажуваат дека сезоната на заболувањето сè уште не е завршена. Заклучно со 22 септември во земјава се регистрирани 70 случаи, од кои 65 се потврдени, а пет се водат како веројатни.