Маж на возраст од 64 години починал вчера откако се заглавил во канал за вода во атарот на гостиварското село Горно Јеловце. Се работи за Н.М. од гистиварското село Дебреше, кој како што информираа од полицијата, бил вработен во Јавното претпријатие (ЈП) „Комуналец“ Гостивар.
Вработен во гостиварското комунално претпријатие бил пронајден починат во канал за вода во атар на село Горно Јеловце. - На 15.06.2026 во 12:47 часот во СВР Тетово е пријавено дека во канал за вода има починато лице во атар на село Горно Јеловце.
Шеесет и четиригодишен вработен во ЈП „Комуналец“ Гостивар го загубил животот при извршување работни задачи во атарот на селото Горно Јеловце, информираат од СВР Тетово. Според полицијата, на 15 јуни во 12:47 часот било пријавено дека во канал за вода се наоѓа починато лице.