Големото летно засилување на Барселона, Родри Ернандес, го имаше своето деби вчера против Атлетик на „Камп Ноу“ и при влегувањето на терен доби овации. Влезе во 62-ра минута. Родри по само девет дена во клубот и со само три тренинзи со целиот состав, стапна на теренот на „Камп ...
Родри направи голем трансфер во Барселона и клубот за неговите услуги плати околу 75 милиони евра, па иако пристигна во оптимални услови и во тренажен процес, сепак не можеше да дебитира на стартот на новата сезона во Ла Лига.
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, потврди дека Родри е подготвен за настап и најави дека планира да го користи во средниот ред. „Да, Родри може да игра и планираме да игра. Го имаме и Бернал, но Родри има многу повеќе искуство и е лидер“, изјави Флик.