ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше на изјавите на Андреј Жерновски, обвинувајќи го дека шири, како што велат од партијата, невистини и хистерија околу францускиот предлог и евроинтегративниот процес. Од владејачката партија тврдат дека Жерновски упорно зборува за наводни тајни ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на новинарско прашање во денешната изјава за медиуми во Ново Село, посочи дека политиките на власта во однос на евроинтеграциите целосно се разобличени и дека едно по едно паѓаат сите ветувања што ги даваа пред граѓаните.
Хистеријата во СДСМ е на завидно ниво, талогот од СДСМ веќе не знае што повеќе да излаже, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски, одговарајќи на новинарско прашање околу обвинувањата од СДСМ дека се создава терен за прифаќање на францускиот предлог.
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, во интервју за „Вести плус“ на Канал 5 посочи дека последните изјави на претставниците на Владата се доказ дека се водат тајни разговори за европскиот пат на државата и дека Владата се подготвува да го прифати ...
Денешната прес-конференција на СДСМ е уште еден обид за создавање хистерија и дезинформирање на јавноста. Наместо да понесе одговорност и да се извини за штетата што ја нанесе врз националните и надворешнополитичките позиции на државата, СДСМ повторно пласира груби невистини и ...