Кога станува збор за хидратација на кожата, обично прво помислуваме на хијалуронска киселина, церамиди и глицерин. Но, меѓу состојките што можат да ѝ помогнат на сувата и дехидрирана кожа е и уреата. Иако е најпозната по употребата во препарати за стапала и испукани петици, таа ...
По летните денови, кога кожата изгледа потемнета и посвежа, есента често носи поинаква слика во огледалото. Лицето почнува да се затегнува, усните пукаат, рацете стануваат груби, а понекогаш се појавуваат и непријатно чешање и црвенило.
За здрава кожа не е неопходна комплицирана рутина со многу производи. Најважно е негата да биде приспособена на типот на кожа и да се спроведува редовно. Лицата со чувствителна кожа треба да избираат производи без парфеми и да ги воведуваат новите состојки постепено.
Автор: Д-р Тања Делева Кожната бариера е нашиот прв штит од надворешните дразби, иританси, микроорганизми и губење на влагата. Кога таа е нарушена, кожата станува сува, затегната, склона кон црвенило, лупење и чешање.
Здравата кожа не е само прашање на изглед, туку и показател за тоа колку добро се грижиме за организмот. На нејзината состојба влијаат исхраната, хидратацијата, сонот, изложеноста на сонце, стресот и секојдневната нега.
Кога лицето ќе засјае само неколку часа по миењето, порите стануваат позабележливи, а шминката почнува да се размачкува во Т-зоната, хидратантната крема можеби изгледа како последното нешто што ѝ е потребно на кожата.
Маслените серуми за лице можеби не се првиот производ по кој посегнуваме кога размислуваме за хидратација и блескав тен, но токму тие може да ѝ недостигаат на рутината, особено ако кожата делува затегнато, грубо или безживотно.
Факт е дека хијалуронската киселина се етаблираше како една од најпознатите состојки за хидратација на кожата во текот на изминатата деценија. Таа е толку популарна што денес е тешко да се најде бања без шише серум покрај мијалникот.