Министерството за финансии целосно ја исплати еврообврзницата издадена во 2020 година. Премиерот Христијан Мицкоски информираше за деталите од оваа финансиска операција и образложи што ќе значи ова за ублажување на јавниот долг на државата.
За исплатената еврообврзница за 2020 година, премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека се вратени 700 милиони евра кои претходната влада ги зела пред шест години. Посочи дека се вратени предвреме со што, рече, се заштедени неколку милиони евра.
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека по две години владата успева да го консолидира и секторот земјоделство во кој, рече, наследила катастрофална состојба во која земјоделците не можеле да си ги наводнуваат посевите и не ги добивале субвенциите -Во секторот земјоделство ...