СДСМ ја нападна власта оценувајќи дека за две години животниот стандард на граѓаните е целосно урнисан, а 73% од граѓаните имаат плата под просекот. -Платите се најниски во Европа – граѓаните осиромашуваат, народот живее многу полошо од пред 2 години.
Со Мицкоски и ВМРО за две години животниот стандард на граѓаните е целосно урнисан. Платите се најниски во Европа – граѓаните осиромашуваат, народот живее многу полошо од пред 2 години, изјави Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор на СДСМ.
СДСМ преку соопштение оценува дека најновото поскапување на горивата дополнително ќе го влоши животниот стандард на граѓаните и ја обвинува Владата дека не презема мерки за ублажување на последиците од растот на цените.