Од колони долги 20 километри и повеќе од 10 часа чекање на границата меѓу Хрватска и Црна Гора, до задржувања на Богородица, Дојран и Табановце, новиот европски систем ЕЕС и рекордниот летен бран туристи создаваат сериозен притисок на граничните премини низ целиот регион.
Граничниот премин Евзони повторно е под силен притисок поради големиот број туристи кои патуваат кон грчките летувалишта. Според снимките и информациите од терен, колоните возила се долги неколку километри, а чекањето трае со часови.
Колона возила која се протега се до црквата „Св. Илија“ на влезот во Стар Дојран претпладнево го блокира сообраќајот на регионалниот пат кој води кон граничниот премин „Дојран“. Застојот трае веќе четири часа, потврдуваат од ГП „Дојран“, од каде велат дека причина е огромниот ...
Големи колони и повремени застои утрово се создадоа на главните патишта во Хрватска, особено на правците од Загреб кон Јадранското Море. На автопатот А1, меѓу јазлите Лучко и Босиљево 2, сообраќајот е исклучително густ и се одвива во колони со повремени запирања.
На граничните премини меѓу Хрватска и Црна Гора – Карасовиќи (Дебели Бријег) и Витаљина (Конфин) – од раните утрински часови е забележан целосен сообраќаен колапс. Според информациите од терен, се формирала редица возила долга повеќе од 20 километри, која се протега сè до Чилипи ...